Сантијаго Солари го одработил првиот тренинг како тренер на Реал. Аргентинецот, синоќа, го наследи на функцијата Хулен Лопетеги, кој доби отказ поради лошите резултати.
Клупското раководство му ја даде довербата на Солари, иако тој се уште го има статусот на привремен тренер.
Според парвилникот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Солари може да биде вршител на должноста најмногу две недели, а потоа Реал мора да го реши неговиот статус или пак да именува друг тренер.
Сантјаго Солари дебито на клупата на „кралскиот клуб“ ќе ја има утре во Купот на Кралот, против третолигашот Мелиља.