Top Sport

Солари: Изјавата на Роналдо не е за осуда

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, не сакал да ја коментира изјавата на Кристијано Роналдо, дека Јувентус бил најдобриот тим во кој настапувал.

Португалецот во интервјуто за „Газета дело спорт“, рекол дека неговите соиграчи во Торино се скромни и дека ја чувствува разликата во однос на претходните клубови чии член бил.

„Скромноста е особина која ги краси врвните фудбалери, а во Реал има такви. Вредностите што го красат овој спорт ќе ги препознаете кај моите играчи. Кристијано секогаш ќе биде посебен за овој клуб, тој е влезен во историјата на реал. Никој не треба да го осудува поради тоа како тој се чувствува, тоа е лично“, рекол Солари.

Инаку Реал во среда ќе го одигра натпреварот против ЦСКА Москва во Лигата на шампионите. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе започне во 18:55 часот.

Scroll to Top