Top Sport

Солари ќе пресели уште една ѕвезда на клупата

Тони Крос ќе ја доживее судбината на Герет Бејл, Иско и Марсело. „Марка“ открива дека Сантијаго Солари ќе го пресели Германецот меѓу резервите.

„Крос ја игра најлошата сезона откако е играч на Реал“, пишува „Марка“, медиум што секогаш добро е информиран за случувањата во „кралскиот клуб“.

На натпреварите против Леванте во првенството и Барселона во Купот, Крос беше првата измена што ја правеше Солари, а во првенствената пресметка со Барселона го напушти теренот веднаш по Герет Бејл.

На неговото место Солари ќе го стави 20-годишниот Уругваец Федерико Валверде.

Scroll to Top