Top Sport

Солбакен на местото на Лагербек

Столе Столбакен е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Норвешка. Столбакен, кој неодамна доби отказ на тренерската позиција во Копенхаген, на селектороската позиција ќе го наследи Ларс Лагербек.

Иако имаше договор до јуни 2022 година, Лагербек се повлече откако не успеа да се пласира со Норвешка на Европското првенство. Норвежаните, во полу-финалниот бараж, беа поразени на домашен терен од Србија.

„Мислам дека ова е добар момент да ја преземам грижата за националниот тим. Лагербек и неговиот помошник Пер Јоан Хансен завршија одлична работа, поставија добри основи. ќе биде возбудливо да се продолжи новната работа. Со нетрпение чекам да започнам со работа“, порачал Солбакен.

Scroll to Top