Ветеранот Роберто Солдадо постигна два гола против својот поранешен клуб, од кој еден во 94. минута, за Гранада со 2:1 да ја совлада Валенсија и да се пласира во полуфиналето на Кралскиот куп.
Солдадо уште во третата минута од мечот ја искористи грешката на Валенсија и во контранапад донесе водство за домаќините, кое беше неутрализирано во 40. минута со голот на Кокелин.
Кога се мислеше дека ќе следуваат продолженија, Хауме Коста играше со рака во својот шестнаесетник и Солдадо во 94. минута од белата точка го поставува конечниот резултат.