Top Sport

Солдадо ја „урна“ Валенсија, Гранада во полуфиналето на Копа дел Реј (видео)

Ветеранот Роберто Солдадо постигна два гола против својот поранешен клуб, од кој еден во 94. минута, за Гранада со 2:1 да ја совлада Валенсија и да се пласира во полуфиналето на Кралскиот куп.

Солдадо уште во третата минута од мечот ја искористи грешката на Валенсија и во контранапад донесе водство за домаќините, кое беше неутрализирано во 40. минута со голот на Кокелин.

Кога се мислеше дека ќе следуваат продолженија, Хауме Коста играше со рака во својот шестнаесетник и Солдадо во 94. минута од белата точка го поставува конечниот резултат.

Scroll to Top