Тренерот на Манчестер Јунајтед по драматичната победа во Брајтон (3:2) се пошегувал со Жозе Мурињо и признал дека неговите фудбалери не заслужиле да победат.
Јунајтед победија со гол од пенал во 100 минјта, откако судијата Крис Кавано означи крај на натпреварот. ВАР асистентот му „јави“ дека Мупај играл со рака во последната акција, Кавано досуди пенал, а Бруно Фернадеш пооди за победа на „црвените ѓаволи“.
„Се извлековме. Можеби заслуживме бод, повеќе од тоа не. Нашиот карактер заслужи повеќе. Минатата сезона имавме премногу нерешени резултати, ова сега е голем плус за нас“, рекол Солскјер.
Инаку Брајтон четири пати ја погодија рамката на голот кој го бранеше Де Хеа пред да израмнат на 2:2 со голот на Марш во 95 минута.
„Мораме да бидеме благодарни што овде не беше Жозе Мурињо да го измери голот, во спротивно ќе имавме проблем“, се пошегувал Норвежанецот.