Top Sport

Солскјер едноставно мораше да ги коментира младите на Ливерпул

Оле Гунар Солскјер не можеше да се возддржи од коментар кон лутите ривали Ливерпул по 4:0 победата над Норич пред дербито на „Енфилд“ следната недела.

Маркус Рашфорд, Мејсон Гринвуд и Антони Марсијал стрелаа за прва победа по три меча со најмлади стартни 11 во Премиер лигата, и Солскјер вели дека тоа едноставно не се цени доволно, коментирајќи за победата на Ливерпул на Евертон (1:0), кога Јирген Клоп избра млад состав одморајќи ги првите ѕвезди.

„Сите зборуваат за ФА куп тимот со кој Ливерпул го победи Евертон, но нашиот тим со кој играме во Премиер лигата е една година помлад. Постепено добиваат искуства во Премиер лигата и тоа ќе им помогне. Без искуство нема подобрување на тимот. Тука сме, на петтото место, топ 4 не е далеку. Мораме да имаме перспектива на работите, да знаеме од каде почнавме со овој голем проект на подмладување“, вели Солскјер.

Scroll to Top