Top Sport

Солскјер ги обвинил Сити дека играат „гнасен“ фудбал

Вечерва во Премеир лигата на програмата е дербито на Манчестер, Јунајтед ќе ги пречека Сити на „Олд Трафорд“ од 21 часот. Победата е важна за двата тима, Сити за да остане во трката за шампионската титула, а Јунејтед да ги задржи надежите за пласман на четвртата позиција.

Со оглед на формата Сити се фаворити, Јунјетд имаат шест порази на последните осум натпревари. Поради тоа Оле Гунар Солскјер ја започна „специјалната војна“. Норвежанецот ги обвини противниците дека не играат чисто.

„Тие се вешти со топката, но кога ќе останат без неа тогаш маваат по нозете и глуждовите. Нема да ни дозволат лесни контра напади, бидејќи константно ќе прават прекршоци, не се сомневам во тоа“, рекол Солскјер.

Предводникот на Сити, Пеп Гвардиола, најпрвин не можел да поверува дека неговиот колега го изјавил тоа, а потоа му возвратил.

„Навистина тоа го кажал? Тогаш ме интересира како со таква „гнасна“ игра топката е 65 или 70 отсто кај нас? Не ми се допаѓа изјавата. Мојот тим никогаш не користел такви методи. Демантирам дека на моите играчи им велам да прават тактички прекршоци“, рекол Гвардиола.

Тој дополнил дека неговите играчи се смееле кога ја слушнале изјавата, бидејќи доаѓала од тренер чии тим досега направил 195 прекршоци на половината на противникот, а Сити на истиот дел од теренот имаат 175 прекршоци.

Scroll to Top