Top Sport

Солскјер: Го допревме дното

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не го крие разочарувањето по поразот од Арсенал (2:0). „Црвените ѓаволи“ го доживеаја првиот пораз во Премиер лигата под палката на Солскјер.

Јунајтед беа поразени со головите на Џака, по грешката на Де Хеа и Обамејанг од пенал. Арсенал сега има два бода повеќе од Јунајтед на табелата и се наоѓа на четвртото место.

„Не го заслуживме поразот. Можеби претходно добивавме некои натпревари на кои не заслуживме да победиме. Тоа е така во фудбалот“, рекол Солскјер.

„Се чувствувам како со овој пораз да сме го допреле дното. Штета. Можевме да му се доближиме на Тотенхем“, заклучил Солскјер.

Scroll to Top