Top Sport

Солскјер: Играта Фудбал менаџер ми го смени животот

Оле Гунар Солскјер го врати Манчестер Јунајтед на победничките патеки, има осум победи и реми на девет натпревари. Играчот кој беше „златен џокер“ на сер Алекс Фергусон, не крие дека многу научил од легендарниот менаџер, но открива дека големо влијание врз неговата тренерска кариера имала и популарната видео-игра Фудбал менаџер.

„Додека бев играч обожував да ја играм таа неверојатна видео-игра. Се опуштав со Фудбал менаџер. Таа кај мене ги разви тренерските способности. Од играта научив некои работи што е невозможно да се видат во реалноста“, рекол Солскјер и дополнил.

„Тоа е фантастична игра, научив многу за фудбалот, играчите, а особено за младите таленти. Го отсликува реалниот живот и често погодуваа кој ќе направи голема кариера. Ми го смени животот како тренер“.

Норвежанецот знае дека неговите играчи ја играат оваа видео-игра, тој е убеден дека таа им помага подобр да го разберат фудбалот.

„Воодушевен сум од истражувањата што ги прават со цел да ја подобрат играта. Се сеќавам дека на моите размислувања тогаш, дека доколку станам тренер секогаш ќе им давам шанса на младите играчи. Можете да трошите пари и да носите играчи, но јас никогаш не сум уживал во тоа. Сакам јас да бидам тој што ќе им пружи шанса на младите“, заклучил Солскјер.

Scroll to Top