Top Sport

Солскјер: Како да игравме на егзибициски меч

Оле Гунар Солскјер имаше огромен број на критики на својот тим откако Манчестер јунајтед доживеа шокантна 0:2 победа кај Вотфорд, тим закован на дното на Премиер лигата, велејќи дека тие се однесувале како да се работи за егзибициски меч.

Ова беше прв пораз во седум меча на „ѓаволите“ кои остануваат осми во ПЛ далеку од позција која води во ЛШ.

„Започнавме многу споро. Првото полувреме беше многу лошо од двата тима и кога ќе примиш два такви гола, тогаш не можеш да се вратиш. Работиме добро, но за секој поен во оваа лига мораш да се потрудиш. Игравме преспоро, како на некој егзибициски меч во првото полувреме. Секако, не заслуживме да победиме. Бевме преспори во поседот на топката, преспори без топка, немавме сила и бевме казнети. Можам да зборувам цел ден, но треба да се подготвиме за следните мечеви“, вели Солскјер пред дуелот со Њукасл на „Боксинг деј“ и дуелот со Барнли на 28 декември.

Scroll to Top