Top Sport

Солскјер ќе добие подобар договор од Јунајтед и без титула!

Манчестер јунајтед се подготвени да му го обноват договорот на менаџерот Оле Гунар Солскјер со подобрени услови, и неговата иднина не зависи од освојување на некаков трофеј оваа сезона, тврди „ЕСПН“.

Солскјер нема титула како менаџер на Јунајтед, а неодамна беа елиминирани од ФА купот, така што единствена шанса за трофеј му е Лига Европа, каде што во четврт-финалето играат со шпанска Гранада.

48-годишниот Норвежанец потпиша тригодишен договор кога стана постојан менаџер во март 2019, а следната сезона му е последна од договорот, и потпретседателот на клубот, Ед Вудворд смета дека е направен доволен напредок за продолжување на соработката.

Џон Мурто и Дарен Флечер стаснаа одговорни за засилувањата токму по совет на Солскјер и се верува дека тоа е тимот со кој ќе се гради тимот за титула. Јунајтед завршија шести во Премиер лигата во 2018/19, лани беа на третото место, а на девет меча до крајот на сезоната се на второто место и се на добар пат првпат да обезбедат топ 4 пласман во две сезони првпат по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон.

Scroll to Top