Top Sport

Солскјер ќе купува во јануари

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, за англиските медиуми потврдил дека клубот ќе биде активен во претстојниот преоден рок. Норвежанецот од клупските челници побарал две или три засилувања.

Манчестер Јунајтед полека ја „фаќаат формата“, во изминатите десет дена забележаа две големи победи во Премиер лигата (Тотенхем, Манчестер сити), а синоќа го декласираа АЗ Алкмар во Лига Европа.

Солскјер сметал дека со двајца или тројца нови играчи тимот ќе може да ги исполни целите поставени пред почетокот на сезоната. Прва цел е пласман во Лигата на шампионите преку Премиер лигата.

„Сакаме да се засилиме на неколку позиции. Кога ќе се споредиме со другите тимови можам да кажам дека сме тука некаде, но ни требаат двајца или тројца ови играчи, со кои ќе добиеме можност за поголема ротација“, рекол Солскјер.

Медиумите со Манчестер Јунајтед ги поврзуваат Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Ерлинг Халанд од Салцбург. Солскјер бара и по еден играч во редот за врска и одбраната.

Негови желби се Саул Нигез од Атлетико Мадрид и Калиду Кулибали од Наполи.

Прашање колку овие желби се реални бидејќи откупната клаузула во договорот на Саул изнесува 150 милиони евра, а околу 100 милиони евра е цената на Кулибали.

Scroll to Top