Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер мора да ги „жртвува“ Џеси Лингард, Алексис Санчез и уште двајца фудбалери за да може да се финансира трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд за 130 милиони евра, тврди „Сан“.
Јунајтед подолго време се заинтересирани за англискиот напаѓач на Борусија, кој ја заврши сезоната со 17 гола и 17 асистенции, но извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд му соопштил на Солскјер дека е потребно да се ослободи од четири фудбалери. Солскјер во саботата призна дека не знае колку пари ќе му бидат достапни за трансфери ова лето.
Први на „отстрел“ во Јунајтед се Џеси Лингард и Алексис Санчез (кој заработува 400.000 фунти неделно од клубот), но и Андреас Переира, Фил Џонс и Крис Смолинг. Лингард би „отишол“ за 20-тина милиони фунти, За Смолинг би добиле 10 милиони фунти од Рома, додека и Џонс е во тој ранг.