Top Sport

Солскjер: Лингард ќе се бори за своето место во тимот!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не веруваше во Џеси Лингард минатата сезона. По сјајните партии во дресот на Вест Хем, сигурно норвешкиот стручњак е свесен дека погреши. Сега 28-годишниот играч од средниот ред се врати на „Олд Трафорд“ и ги започна подготовките со клубот.

Иако сега Џејдон Санчо е меѓу „ѓаволите“, Солскјер смета дека и Лингард рамноправно ќе се бори за место во тимот.

„Џеси се врати, блескаше, сака да се бори за место во тимот. Нема ништо од тоа кога ќе видите дека играчите се подготвени да се борат за местото во тимот. Она што го стори во финишот на минатата сезона – тоа е вистинскиот Џеси. Знаеме дека е способен за такви работи. Мислам и дека видовме дека пред крајот на сезоната ни недостасуваа опции“ рече менаџерот на Јунајтед.

Останува да се види кој од двајцата фудбалери ќе се наметне кај тренерот – повратникот во тимот или 85 милиони евра платениот Санчо.

Scroll to Top