Top Sport

Солскјер: На Кавани му пречи само една работа во Манчестер

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека одличната деби сезона на Единсон Кавани во дресот на „ѓаволите“ не го изненадила, но додава дека е импресиониран од 34-годишниот уругвајски ветеран, кој постигна шест гола во Премиер лигата оваа сезона.

Солскјер најави дека ќе разговара со Кавани на крајот на сезоната да олдучат дали да ја активираат клаузулата во неговиот договор за уште една сезона.

„Не сум изненаден од Единсон, туку само импресиониран. Зборував со Андер Ерера и Диего Форлан и други фудбалери кои го познаваа Единсон и сите ми кажуваа само пофалби за неговата игра и за неговиот карактер и го видовме тоа. Знаевме што добиваме кога го донесовме во тимот. На крајот на сезоната ќе зборуваме за иднината, но тоа што го видовме досега импресионира. Исто така се надевам дека времето во Манчестер ќе се подобри, бидејќи не му се допаѓа оваа зима“, вели Солскјер.

Scroll to Top