Top Sport

Солскјер: На Манчестер јунајтед не му се потребни нови дефанзивци

И покрај тоа што многу фанови сметаат дека одбраната на Манчестер јунајтед е најнестабилниот дел на тимот, Оле Гунар Солскјер верува дека нема потреба да се бараат засилувања на задниот ред пред крајот на преодниот рок на 5 октомври.

Јунајтед досега го купија само холандскиот фудбалер од средниот ред Дони ван де Бек од Ајакс, и покрај критиките кои ги имаше за партнерството во одбраната на Хери Мегвајр и Виктор Линделоф при 1:3 поразот од Кристал палас на стартот на сезоната.

„Минатата сезона ни покажа како можеме најдобро да се браниме. Да, минатата недела не беше фантастична и примивме многу лоши голови, но лани покажавме дека имаме добро партнерство меѓу Хери Мегвајр и Ерик Баји. Ерик повторно е фит и тоа е голем плус за нас. Имам целосна доверба во моите играчи и работиме да бидеме подобри“, вели Солскјер.

Јунајтед имаат голем број на играчи во својот тим и тешко е да се очекува многу од нив да бидат стартери.

„Мојата работа не е да ги направам среќни, туку да изберам и да добијам резултати. Тие треба да работат напорно и да бидат подготвени кога ќе ги повикам“, додаде Норвежанецот.

Scroll to Top