Оле Гунар Солскјер вели дека не му е потребно да донесе големо име на „Олд Трафорд“ во јануари и покрај тврдењата дека со нов потпис како тој на Бруно Фернандеш минатата зима ќе бидат сериозни кандидати за титулата од Премиер лигата.
Фернандеш пристигна во Манчестер пред една година и помогна клубот да има одличен втор дел од сезоната со кој влегоа во Лигата на шампионите. Јунајтед вечерва можат да ги поминат Ливерпул на првото место на табелата ако го победат Барнли и многумина сметаат дека со вистински „пазар“ во јануари титулата може да се врати кај „ѓаволите“.
„Ситуацијата е поинаква од пред една година, така што не е веројатно дека нешто ќе се случи. Да, вистина е дека Бруно имаше фантастично влијание на тимот, не направи подобри и стана подобар фудбалер. Но, сега нема да има такво нешто“, вели Солскјер.
Со позитивен резултат на „Турф мур“, Јунајтед ќе имаат предност пред клучниот меч со Ливерпул во текот на викендот, но Солскјер ги предупреди своите фудбалери да не се „занесуваат“.
„Мораме да освоиме поени против Барнли пред да бидеме први, така што не сакам фудбалерите да размислуваат за позицијата на табелата утре, туку за таа на крајот на мај. Тоа е важното“, додава Норвежанецот.