Оле Гунар Солскјер нема намера да поднесе оставка. Норвежанецот, попладнево доживеа уште еден пораз во дерби натпреварите. Манчестер јунајтед забележа пораз од Манчестер сити 0:2.
„Во овој момент ние сме многу далеку од врните екипи. Очекувањата од мене и моите играчи се големи и ние мораме да се вратиме во најдобрата форма. Имаме играчи за да бидеме во самиот врв“, рекол Солскјер и дополнил.
„Не размислувам да поднесам оставка. Имам добри односи со клубот. Работам за Јунајтед, додека сум овде сакам клубот да напредува“.