Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, по поразот во Њукасл, рекол дека неговите фудбалери имале проблем со самодовербата.
Јунајтед со Солксјер го бележат најлошиот старт во историјата на Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ од можните 24 освоија само девет бода и се наоѓаат на 12 место на табелата.
„Тргнавме на ова патување и точно знаеме каде треба да бидеме. Не можам сега да ви кажам колку време ќе ни биде потребно. Си поставивме високи цели, сакаме да бидеме меѓу најдобрите четири тима во лигата, ќе мора да се избориме со се она што ќе ни се најде на патот“, рекол Солскјер и дополнил.
„Вакви денови ќе има, но ние ги знаеме нашите цели. Некои момци немаат самодоверба. Среќа што следува репрезентативната пауза. Ќе имаме време да направиме анализа. Знам дека одговорноста е моја“.
По репрезентативната пауза пред Јунајтед е исклучително тежок меч, на „Олд Трафорд“ ќе им дојде лидерот Ливерпул.