Top Sport

Солскјер: Планот е да се вратам во Молде

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, признал дека не е сигурен дали ќе остане на функцијата и по завршувањето на сезоната. Норвежанецот во Манчестер Јунајтед пристигна на позајмица од Молде, што е раритет во светот на фудбалот.

Во пресрет на осмина-финалниот реванш со Пари Сен Жермен, во Лигата на шампионите, новинарите се интересирале каков е неговиот статус. Интересно, Молде, од својата интернет страница ја тргнаа информацијата дека клубот го продолжил договорот со Солскјер за уште три години.

„Не сум сигурен како функционираат тие работи. Мислам дека мојот договор со Молде е истечен и дека сега важи само договорот со Манчестер Јунајтед“, рекол Солскјер и дополнил.

„Да видиме што пишува во договорот…тука стои дека сум менаџер на Молде. Кога ќе погледнете тоа не е клубот во кој работам, но постои план да се вратам таму по завршувањето на сезоната“.

Оле Гунар Солскјер пред три месеци го презеде тимот од Жозе Мурињо. Успа да го извлече од кризата и да влезе во трката по местата што водат во Лигата на шампионите.

Со Солскјер на клупата „црвените ѓаволи“ имаат само еден пораз, два пати одиграле нерешени, а победиле на 13 натпревари.

Scroll to Top