Top Sport

Солскјер постојано му „досадува“ на телефон на Халанд

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер очигледно смета дека неговиот поранешен фудбалер (од деновите во Молде), Ерлинг Халанд е клучот за враќање на славните денови на „Олд Трафорд“, откако постојано му се јавувал убедувајќи го да прејде во Премиер лигата.

20-годишниот Халанд најверојатно ќе го напушти Борусија Дортмунд во текот на летото доколку не се квалификуваат во Лигата на шампионите и за него се заинтересирани повеќе европски големи тимови.

Според шпанскиот „АС“, Солскјер постојано е на телефонска линија со својот норвешки сонародник, чиј талент одлично го познава, а исто така во Јунајтед сметаат дека им е потребен „чист“ напаѓач по продажбата на Ромелу Лукаку во Интер во 2019 година.

Халанд има 33 гола во 31 меча со Борусија Дортмунд оваа сезона, но клубот е на четири поени од место кое води во Лигата на шампиони.

Scroll to Top