Top Sport

Солскјер: Постојано се слушам со Халанд, ќе видиме што ќе случи по Дортмунд

Оле Гунар Солскјер вели дека уште контактира со својот поранешен играч, Ерлинг Халанд, зголемувајќи ги надежите на навивачите на Манчестер јунајтед дека ќе го видат норвешкиот ас на „Олд Трафорд“.

Солскјер работеше со норвешкиот сонародник во Молде и се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“ пред тој да го направи трансферот од Ред Бул Салцбург во Борусија Дортмунд на почетокот на 2020. Реал Мадрид и Јунајтед се клубовите кои најчесто се поврзуваат со можен трансфер на Халанд и Солскјер вели дека постојано зборува со 20-годишниот напаѓач.

„Кога имаш деца и фудбалери кои поминале кај тебе како тренер, секогаш ги следиш. Во контакт сум со Ерлинг и фантастично е да се види како стана таков фудбалер. Но, тој е фудбалер на Дортмунд и му посакувам среќа таму. Ќе видиме што ќе донесе животот подоцна“, вели Солскјер.

Халанд веќе има неверојатни 92 гола во 137 меча во кариерата, откако лани имаше сезона со 27 гола во 25 меча во сите натпреварувања.

Scroll to Top