Top Sport

Солскјер потврди дека Кавани не знае каде ќе продолжи

Оле Гунар Солскјер потврди дека Единсон Кавани не е сигурен каде ќе ја продолжи кариерата следната сезона, откако договорот со Манчестер јунајтед му завршува ова лето, а шпекулациите го поврзуваат со трансфер од соништата во Бока јуниорс.

Се тврди дека 34-годишниот Кавани не се снаоѓа најдобр со животот во Англија, и дека неговиот син е несреќен, а покрај тоа му „тежи“ обвинувањето за расизам по една порака до својот пријател во кој го нарече „negrito“, а беше казнет од Англиската ФА.

„Постојано сме во контакт со Еди, имаме отворен дијалог и јасно е дека тој не е сигурен што сака да прави следната сезона. Тоа е во ред. Не беше лесна година за него и за остатокот од светот и тој уште сака време да се одлучи. Сигурен сум дека ќе видиме добра верзија на Единсон до крајот на сезоната и треба да се бориме за титулата во Лига Европа и добар пласман во лигата. Тој е позитивен човек и одлично е да го имате во тимот“, објасни Солскјер.

Scroll to Top