Top Sport

Солскјер прати порака: Пред Јунајтед е многу важно лето

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер се согласува со Гери Невил дека се потребни засилувања ова лето ако сакаат „ѓаволите“ да се борат за титула следната сезона, праќајќи директна порака до бордот на клубот.

„Ѓаволите“ имаат зачудувачка серија од 16 меча без пораз во сите натпреварувања по саботниот 5:2 триумф над Бурнемаут, и многумина сметаат дека тоа е поради пристигнувањето на Бруно Фернандеш на „Олд Трафорд“. Гери Невил претходно изјави дека им требаат „неколку“ фудбалери за да имаат врвен тим и Солскјер се согласува.

„Гери е во право за многу работи кои ги кажува за Јунајтед и не можеме да кажеме дека сме блиску до врвот. Ако ја погледнете табелата, јасно е дека не сме ниту приближно таму каде што треба да сме. Мораме да бидеме постојани и подобри во многу аспекти на играта. Може да се види подобрувањето, но потребни ни се две или повеќе добри одлуки. Ова ќе биде дефинитивно важно лето за нас“, вели Солскјер.

Јунајтед се поврзувани со повеќе скапи фудбалери, најмногу со Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, но и со Дони ван де Бек од Ајакс и Џек Грилиш од Астон вила. Сепак, нападот на тимот функционира подобро во последните мечеви, додека маката е во одбраната, така што Солскјер можеби ќе се реши за засилување на овој сегмент на играта.

Scroll to Top