Се пишуваше изминатите денови дека Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Чилеанецот, Алексис Санчез поради неговата висока неделна плата, а малиот придонес во играта на „ѓаволите“ во минатата сезона. Сепак, неговата месечна плата од 2 милиони фунти е проблем и за другите клубови кои сакаат Санчез да го ангажираат, барем на позајмица.
Поради тоа, евентуален трансфер пропаѓа, а менаџерот Солкјер ги разреши сите дилеми.
„Алексис останува, тој е голем професионелц и очекуваме да ни помогне оваа сезона. Немаме многу напаѓачи, така да ќе добие поголема минутажа од што очекувате“ – рече норвешкиот стратег.
Сепак, останува недоумицата како е можно Санчез да има толку голема плата.
Англиските медиуми пишуваат дека заработува по 300.000 фунти неделно плус 100.000 фунти на име бонуси од маркетиншки права. На тоа се додава и провизијата на неговиот агент кој добија 1 милион годишно, па потоа клаузула од минимум 30 меча на кои ќе биде стартер која вреди уште 5 милиони фунти.
Минатата сезона последниов бонус Чилеанецот не го искористи затоа што во првиот состав беше на само 13 меча.
Постојат и дополнителни бонуси за постигнат гол или за асистенција, па сумата делува неверојатно. Поради тоа Санчез не сакаше да ја одбие понудата на „ѓаволите“ и се пресели на „Олд Трафорд“ од редовите на Арсенал.
Интересно, интерес за него пројави и Манчестер Сити.