Манчестер јунајтед не успеаја да го освојат трофејот во Лига Европа. Во драматичната пенал-серија, трофејот им припадна на фудбалерите на Виљареал. Претходно натпреварот заврши 1:1.
Главна тема по завршеното финале е голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа. Шпанецот, не успеа да го реализира пеналот во 11.серија. Медиумите сега се занимаваат со статистиката, која вели дека до пенал-серијата со Виљареал, Де Хеа не усеал да одбрани ниту еден од 29 пенали. Последен пат голманот на Јунајтед одбранил пенал во 2016 година.
Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, откри дека на клупата размислувале да го извадат Де Хеа, во финишот на продолженија. На крајот на теренот во 121.минита влегоа специјалистите за шутирање пенали Хуан Мата и Алекс Телес.
„Размислувавме да го замениме Де Хеа, разгледувавме разни сценарија. Многу работи ми поминаа низ глвата. Ги знаев бројките на Давид. Но бевме сигурни дека Де Хеа е добро подготвен. Кај пеналите се е можно, јас се решив за голманот кој го бранеше целиот натпревар“, рекол Солскјер.
Реално, Де Хеа, немаше многу шанси да одбрани пенал, од причина што играчите на Виљареал фантастично шутираа, дури и неговиот колега Херонимо Рули.
Но, новинарот на Скај спорт, Анџело Манџианте, објави доказ дека Де Хеа имал шанси да биде херој.
На пешкирот, тренерите му залепиле лист хартија со инструкции каде најчесто фудбалерите на Виљареал шутираат. Тие инструкции не ги следл до крај, кај некои решил да го следи инстинктот.
За Мои Гомес му напишале дека најчесто шутира по средината, но Де Хеа реши да одбере страна и погреши.