Оле Гунар Солскјер ги брои последните денови на клупата на Манчестер Јунајтед, тврдат англиските медиуми. Според овие извори клупските челници повеќе немаат трпение со тренерот, кој сепак ќе добие шанса на наредните неколку натпревари, доколку резултатите не бидат добри ќе добие отказ.
Алармот на „Олд Трафорд“ се вклучи по катастрофалниот пораз во неделата од Тотенхем (1:6). Солскјер ќе добие уште една шанса по репрезентативната пауза. Јунајтед во Премиер лигата ќе игра против Њукасл, Челси и Арсенал.
Медиумите во Англија шпекулираат дека челниците на Манчестер Јунајтед веќе стапиле во контакт со поранешниот тренер на Тотенхем Маурицио Покетино. Истите овие извори тврдат дека дел од клупското раководство за фаворит го има екс-тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри.