Оле Гунар Солскјер, менаџерот на Манчестер Јунајтед верува во талентот на својот напаѓач, 17-годишниот Мејсон Гринвуд. „Црвените ѓаволи“ летово останаа без Белгиецот Ромелу Лукаку во нападот, а не донесоа соодветна замена, токму поради тоа што Норвежанецот верува во квалитетите на младиот напаѓач.
„Развојот на Гринвуд ќе беше поинаков доколку доведовме уште еден напаѓач. Мејсон ќе игра многу сезонава и секогаш кога ќе игра, ќе дава голови“ – вели Солскјер.
Гринвуд е роден 2001 година, голем талент е и би можел да биде следната голема ѕвезда на „Олд Трафорд“ прогнозираа стручњаците на Островот.
Манчестер Јунајтед денеска го очекува првиот меч од новата сезона во Премиерлигата против големиот ривал, лондонски Челси од 17.30 часот.