Top Sport

Солскјер: Верувам дека Погба ќе остане во Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, во пресрет на дербито со Челси (недела, 17.30 часот), проговорил за статусот на Пол Погба и Дави Де Геа.

Солскјер одлично започна на кормилото на Манчестер Јунајтед, тимот забележа серија од 12 натпревари беа пораз. Изминатите месец дена се кошмарни за сите во клубот, Јунајтед се во серија од седум порази на последните девет натпревари.

Поради тоа дуелот со Челси е клучен во сезоната, само победа ЈУнајтед ќе останат во трката за четвртото место на табелата. „Ладни глави“ ќе бидат потребни на теренот против „сините“ од Лондон, а тука лежи најголемиот проблем на Солскјер.

Како да ги натера своите фудбалери да мислат на она што се случува на теренот, во ситуација кога најголемите ѕвезди се поврзуваат со трансфери во други клубови.

„Кога е во прашање фудбалот ништо не е сигурно, но јас мислам дека Погба ќе биде со нас и наредната сезона. Сакам да игра добро, тој е лидер во соблекувалната и на теренот. Ако ме прашувате за Де Хеа, јас верувам во него, мислам дека тој е еден од најдобрите во тимот во изминатите шест години. Ќе брани на сите натпревари до крајот на сезоната“, рекол Норвежанецот.

Scroll to Top