Top Sport

Солскјер за Агуеро: Кога играш за Манчестер јунајтед, не одиш во Манчестер сити

Оле Гунар Солскјер вели дека нема шанси Манчестер јунајтед да го привлечат Серхио Агуеро да се пресели од другиот манчестерски клуб, бидејќи тоа „едноставно не се прави“.

Агуеро, кој е легенда на „Етихад“ и најдобар стрелец во историјата на Манчестер сити, потврди дека ова лето заминува по 10 години, и доколку би направил трансфер од Сити во Јунајтед би бил прв таков фудбалер по 25 години по Тони Котон, сегашниот скаут на Манчестер јунајтед, кој дојде од Сити во јануари 1996 за 500.000 фунти.

„Лојалноста е една од работите кои навистина ги ценам. Не очекувам фудбалер кој играл 10 години за еден клуб да премине во локалниот ривал. Тоа не е за мене. Знам дека се професионалци, но кога играш за Манчестер јунајтед, не одиш потоа во Манчестер сити. Имавме такви примери и тоа не ми се допаѓаше. Нема да ги именувам, но сите знаете за кого зборувам“, вели Солскјер.

Во ерата на Премиер лигата имаше малку вакви трансфери меѓу клубовите од Манчестер, кои останаа контроверзни. Тука секако е Карлос Тевез, кој дојде во Сити по две и пол години во Манчестер јунајтед, но и Петер Шмајхел и Овен Харгривс.

Scroll to Top