Оле Гунар Солскјер на почетокот од својот мандат во Манчестер Јунајтед се наметнува како долгорочно решение за менаџерската функција. Наследникот на Жозе Мурињо, синоќа, го израмни рекордот на сер Мет Базби, кој во далечната 1946 година победил на првите четири натпревари.
Манчестер Јунајтед забележа победа 2:0 во Њукасл, а претходно „црвените ѓаволи“ на Солскјер славеа над Кардиф (5:1), Хадерсфилд (3:1) и Борнмут (4:1). Јунајтед, во Њукасл, прв пат во ерата на Солскјер успеаја да ја сочуваат својата мрежа.
„Не сакам да заминам“, одговорил Норвежанецот на прашањето дали во мај ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Наредниот меч Манчестер Јунајтед ќе го одиграат в сабота, во ФА купот против Рединг, а потоа, на 13.јануари, ќе следува најтешкиот тест за Солскјер, гостувањето кај Тотенхем.