Top Sport

Солзавец и тепачка со полицијата, прекинато дербито ПАО-Олимпијакос (Видео)

Најголемото дерби во грчкиот фудбал, натпреварот помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, не заврши, откако беше прекинато при резултат 1:0 за Олимпијакос, поради дивеењето на хулиганите на „зелените“.

Олимпијакос постигнаа гол во 53 минута преку Мигел Гереро, а потоа започна хаосот на трибините.

Хулиганите на Панатинаикос започнаа тепачка со полициските сили, кој испукале солзавец во толпата.. Дел од нив се обиделе да влезат на теренот за да се пресметаат со оние што биле на клупата на Олимпијакос.

Поради инцидентите, германскиот судија Марко Фриц, решил во 70 минута да ги испрати фудбалерите во соблекувалните и да го прекине натпреварот.

Инаку уште во петтата минута, тие со тврд предмет погодиле еден од резервните фудбалери на Олимпијакос.

Панатинаикос сигурно ќе бидат казнети со одземање на шест бода и суспензија на стадионот.

Инаку, пред инцидентот на фудбалскиот меч не бил одигран кошаркарскиот натпревар помеѓу вечните ривали. Кошаркарите на Олимпијакос не дошле на натпреварот бидејќи немало судии од странство. Мечот е регистриран со 20:0 за Паматинаикос, а доколку „црвено-белите“ пропуштат уште еден меч, им следи преселба во понизок ранг.

Scroll to Top