Top Sport

Сон Хеунг-Мин мора да оди во војска, Тотенхем две години без него?

Тотенхем можат да останат без еден од своите најдобри играчи Сон Хеунг-Мин дури две години, бидејќи тој мора да ја изврши својата обврска кон татковината – двегодишната служба во армијата.

25-годишниот Сон мора да помине 21 месец воена служба пред неговиот 28 роденден, што би требало да значи пропуштање на сезоните 2019/20 и 2020/21. Сепак, Сон може да добие и изземање од воената обврска, бидејќи корејската држава дозволува сите олимписки шампиони и освојувачи на злато од Азиските Игри да добијат ослободување од воениот рок.

Законот може да биде продолжен и за „исклучителни“ резултати, но Сон не беше дел од репрезентацијата на Јужна Кореја која освои бронза на Олимпијадата во Лондон во 2012 година. Тој може да добие место во репрезентацијата за Азиските Игри во Индонезија оваа година, но така би го пропуштил стартот на следната сезона од Премиер лигата.

Дека во Јужна Кореја не се шегуваат, најдобро зборува фактот што во моментов над 400 луѓе се во затвор поради „дезертерство“, односно одбивање да служат во Армијата.

Сон има 24 гола за Тотенхем оваа сезона во одличното партнерство со Хери Кејн.

Фото: ЕПА

Scroll to Top