Top Sport

Сон: Мечот со Северна Кореја беше како војна

Најдобриот фудбалер на Јужна Кореја Хјунг-мин Сон говорел за историскиот дуел против Северна Кореја што се одигра во Пјонгјанг. Мечот одигран во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство заврши без голови.

Северна и Јужна Кореја натпреварот на стадионот „Ким ил Сунг“ го игра без присуство на публика. Од овој натпревар немаше телевизиски пренос, пристап на стадионот не им бил дозволен на функционерите на Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја.

„Штета што не победивме, но мечот беше толку агресивен така што мислам дека успех е што безбедно се вративме дома, без повреди. Северко-корејските фудбалери беа многу агресивни, многу не пцуеја…Тоа не ме загрижува, мислам дека знаеја дека сме посилни од нив“, рекол Сон.

Играчот на Тотенхем рекол дека се наспал во Северна Кореја бидејќи таму не им било дозволено да ги користат мобилните телефони.

Јужна и Северна Кореја имаат по седум бода во Х-групата и се наоѓаат на чело на табелата во конкуренција на Либан, Туркменистан и Шри Ланка.

Мечот во Пјонгјанг го следел првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, кој рекол дека бил разочаран што немало публика, телевизиски пренос и странски новинари на кои не им бил дозволен влезот во Северна Кореја.

Scroll to Top