Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин верува дека неговиот менаџер Жозе Мурињо е „неразбран“ во текот на целата кариера и додава дека е воодушевен што има шанса да работи со Португалецот.
Кореецот инсистира дека репутацијата на Мурињо за несогласувања со своите фудбалери не е забележана во Тотенхем, како во Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, и дека само некои фудбалери едноставно не ја прифаќаат неговата брутална искреност. Иако Сон тврди така, Мурињо веќе имаше несогласувања со Дени Роуз (кого го праќаше на позајмица) и Танги Ндомбеле (кој наводно вети дека нема да игра за него, но уште е во тимот).
„Некои луѓе погрешно го разбираат менаџерот. Можеби имаат поинакво мислење за тоа каков човек тој навистина е, но ние кои го гледаме секој ден знаеме дека има фантастична атмосфера на тренинзите, со насмевки и смеење. Тој има победнички менталитет и верувам дека може да ни донесе успех и да не кренена повисоко ниво. Секогаш ќе се сеќавам како беше кога дојде во клубот. Беше интернационална пауза и добивме вести дека Маурисио Почетино заминува. Бев тажен бидејќи имав добри односи со него, но потоа добивме вести дека доаѓа еден од најуспешните менаџери во фудбалот. Не ми се веруваше“, вели Сон.