Ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин, признава дека чувствува одговорност за отказот кој го доби Антонио Конте, бидејќи требал да направи „многу повеќе“ оваа сезона.
Сон, кој лани заедно со Мохамед Салах од Ливерпул постигна најмногу голови во Премиерлигата, дури 23, додека оваа сезона останува на само шест гола и Кореецот признава дека тоа е премалку.
„Навистина ми е жал за него. Тој е првокласен тренер, имавме одличен пат заедно и му благодарам за тоа. Не знам што мислат другите играчи, но мене ми е жал. Требаше да покажеме повеќе и јас не го направив тоа. Не можев да му помогнам на тимот и се чувствувам одговорен за неговото заминување. Но, сигурен сум дека тој ќе биде голем успех во иднина“, вели Сон.