Корејската ѕвезда на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин вели дека неговиот клуб заслужува трофеј и дека недостатокот на среќа е главната причина зошто досега оваа генерација нема трофеј.
Последниот трофеј на Тотенхем беше ЕФЛ лига купот во 2008 година, пред фантастичниот раст на клубот под менаџерот Маурисио Почетино. Во моментов, Спарс се на второто место во Премиер лигата, како сериозни ривали на лидерите Ливерпул и на шампионите Манчестер сити.
„Да бидам искрен, немавме многу среќа. Бевме блиску многу пати. Луѓето си велат: ’Ах, тоа се Спарс’, но ние постојано веруваме дека сме многу блиску до голема титула, но понекогаш ти е потребна среќа во долгата сезона. Апсолутно заслужуваме трофеј. Притисокот е голем, но тој носи и позитивна енергија. На второто место сме, а никој не зборува за нас, туку за Сити и Ливерпул. Тоа е добро, бидејќи ние си го одиме нашиот пат“, вели Сон, кој оваа сезона има постигнато седум голови.
Тотенхем досега имаат освоено само две титули во Англија – во сезоните 1950/51 и 1960/61.
Сон реши да го стави клубот пред репрезентацијата, откако ќе биде достапен за мечот со Манчестер јунајтед на 13 јануари, пред да отпатува со Јужна Кореја на Азискиот куп во Обединетите Арапски Емирати.
Фото: ЕПА