Top Sport

Сонг: Барса ме направи милионер, гајле ми е што малку играв

Алекс Сонг, во едно интервју, признал дека кога во 2012 година го напуштил Арсенал, го направил тоа за да стане милионер. Сонг, од 2012 до 2016 година, го носеше дресот на Барселона.

„Се сретнав со спортскиот директор на Барселона, Андони Зубизарета, тој ми кажа дека нема многу да играм. Си реков кој го е.е, ќе станеш милионер“, рекол Камерунецот.

„Кога потоа го видов договорот и колку ќе заработувам, без размислување го потпишав“.

Алекс Сонг, во перидот додека беше во Барселона, годишно заработувал 5.000.000 евра.

Scroll to Top