Холштајн Кил, клубот кој никогаш не бил во Бундеслигата, но кој успеа да им нанесе редок пораз на Баерн Минхен во ДФБ купот, успеа да се пласира во полуфиналето на Германскиот куп по убедливата 3:0 победа на гости кај Рот-вајс Есен.
Кил беа супериорни против третолигашот, постигнувајќи два гола за две минути во првото полувреме, пред во финишот да стават печат на победата.
Во полуфиналето вчера се пласираа и Борусија Дортмунд, додека вечерва играат РБ Лајпциг и Волфсбург. Последниот полуфиналист ќе биде дознат по мечот Регензбург-Вердер, кој беше одложен по повеќе случаи на КОВИД-19 кај домаќинот.