Top Sport

Сопругата на Икарди стана ТВ-експерт за фудбал

Ванда Нара, сопругата на капитенот на Интер, Мауро Икарди вели дека нема да има проблем да го критикува и својот сопруг откако потврди дека оваа сезона ќе биде „експерт“ на ТВ програмите „Медиасет“.

Нара ќе се појавува на фудбалското шоу „Тики така“, секој понеделник на „Италија 1“, и Аргентинката, која исто така е агент на Икарди, вели дека нема да биде пристрасна.

„’Медиасет’ ме повикуваа со години, но сега прифатив бидејќи имам време. Мојата најмлада ќерка Изабела, почнува во градинка во септември така што имам дополнителни слободни часови. Мауро исто така често е дома во понеделник навечер, така што тој ќе се грижи. Јас сум фанатик на Интер, но ќе бидам неутрална. Ќе го подобрам моето знаење за другите тимови, а имам и помош. Дали ќе го критикувам Мауро на ТВ? Да, ако заслужува. Нема проблем“, изјави Нара.

Икарди е гол пред објективот на сопругата

Scroll to Top