Top Sport

Сосиедад ја прегази Валенсија (Видео)

Реал Сосиедад ја декласира Валенсија со 3:0 во 25 рунда во Ла Лига. Сосиедад со оваа победа се израмни на табелата со Атлетико и Севилја кои имаат и натпревар помалку, додека Валенсија само ја продлабочи кризата.

На „Аноета“ серијата ја отвори Микел Мерино во 12 минута. Играчот од редот за врска од седум-осум метри ја спроведе топката во голот по центрашутот на Залдуа.

Приказната околу победникот беше решена на истекот од првиот дел. Едегард изведе корнер Елустондо ја префрли на втората статива каде Начо Монреал ја спроведе во голот.

Конечниот удар на Валенсија и го зададе Аднан Јанузај кој во 48 минута упати вистински проектил од 23-24 метри кој заврши зад грбот на Доменек.

Поразот на Аноета е трет на последните четири за Валенсија во сите натпреварувања. Идентичен пораз доживеаја од Хетафе, потоа играа на домашен терен 2:2 со Атлетико, а во средата беа декласирани од Аталната со 4:1 во Лигата на шампионите.

Scroll to Top