Top Sport

Сосиедад со четврта победа во низа до четвртото место на табелата

Реал Сосиедад стигна до 1:2 победа на гости кај Селта Виго во 9. коло во шпанската Ла лига, за да го забележат четвртиот триумф во низа по кој се искачуваат на одличното четврто место на табелата, израмнети по бројот на поени со третопласираниот Атлетико Мадрид.

Тимот на Иманол дојде во водство во 30. минута преку Асиер Иљараменди, но домаќините бргу успеаја да израмнат кога во 39. минута, Јаго Аспас беше прецизен. Трите поени за гостите од Сан Себастијан ги обезбеди Игор Зубелдија во 54. минута од мечот.

Сосиедад имаат 19 поени на четвртото место на табелата, три помалку од Реал Мадрид и Барселона пред нивното големо дерби. Селта се на 11. место со 10 поени по двата порази во низа.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top