Top Sport

Сосиедад со минимална победа ја затвори 2020-тата

Фудбалерите на Реал Сосиедад се големо изненадување во есенскиот дел од сезоната во шпанската Ла Лига. Клубот од Сан Себастијан попладнево, на последниот ден од годината што завршува славеше минимално со 1-0 нагости кај Атлетик во Билбао.

Голот на Порту во 5-тата минута беше доволен за освојување на трите бода за зацврстување на третата позиција на табелата и за прекинување на низата од 3 врзани порази.

Сосиедад годината ја заврши со минус од 6 бода од лидерот Атлетико Мадрид кој пак има 3 меча помалку во однос на „сино-белите“.

Атлетик годината ја заврши како 12ти на табелата.

Последниот дуел во Ла Лига за годинава е во тек, на мечот меѓу Осасуна и Алавез по првите 45 минути нема погодоци.

Scroll to Top