Top Sport

Сосиедад со пресврт го поттурна Еспањол кон втората лига (видео)

Реал Сосиедад по четири порази во низа, конечно, успеа да стигне до тешко извојувана 2:1 победа над Еспањол, со која го поттурна тимот од Барселона кон втората лига, оставајќи го закован на дното на табелата.

Тимот од Сан Себастијан нема најдобро лето, а на сопствениот стадион работите не тргнаа најдобро, откако прво голот на Вилијан Жозе беше поништен од ВАР системот во петтата минута, за само пет минути подоцна Давид Лопез да им донесе ретко водство на Еспањол.

Вилијан Жозе во 56. минута, сепак, се запиша во листата на стрелците, пред Александер Исак во 84. минута да го комплетира пресвртот. Со победата, Сосиедад е на седмото место на табелата со 50 поени, седум од место кое води во Лигата на шампионите, додека ситуацијата на Еспањол е очајна – тие се последни со 24 поени, 10 поени од безбедната зона на само пет кола пред крајот на шампионатот.

Scroll to Top