Top Sport

Соучек го обезбеди својот прв клуб за наредните 10 години

Томаш Соучек потпиша четири годишен договор со Вест Хем. Чешкиот репрезентативец во јануари пристигна во Вест Хем како позајмен играч. По завршувањето на сезоната „чеканите“ решија да го откупат неговиот договор од Славија Прага.

Со овој трансфер Соучек го обезбеди тимот каде што ја започна кариерата за наредните десет години.

Фудбалскиот клуб Слован Хавличкув Брод кога го продавал Соучек во Славија договорил да добие 10 отсто од неговиот нареден трансфер.

Вест Хем за Соучек платиле 16 милиони евра. што значи дека клубот од четвртата лига на чешка во кој тој ја започна кариерата ќе добие 1,6 милиони евра.

„Ние имаме годишен буџет од 4,5 милиони круни (170.000 евра)“, рекол претседателот на Слован Павел Мажанек.

Scroll to Top