Фудбалерот на Вест Хем, Томаш Соучек, доживеа грозна повреда на натпреварот против Евертон. Копачката на Соломон Рондон, во ден дуел заврши во лицето на чешкиот репрезентативец.
„Уште неколку конци на моето лице додадов во мојата колекција. Никогаш не се откажувам. Напред момци, само продолжите така. Не се секирајте за мене, се уште сум жив“, напишал Соучек на социјалните мрежи.
Вест Хем го победија Евертон со голот на Огбона. „Чеканите“ се седми на табелата со 14 бода.
A few more stitches on my face, to add to my collection. I never give up for any reason. Great win lads and keep up the good work. Don’t worry, I am still alive pic.twitter.com/TbwPdYX0wd
— Tomáš Souček (@tomassoucek28) October 17, 2021