Португалецот Паоло Соуса е новиот тренер на фудбалерите на Бордо. Тренерот со францускиот тим потпишал четири годишен договор.
„Мојата визија и во Бород ќе биде иста. Сакам да створам и развијам филозофија на фудбал и идентитет што ќе ја отсликаат историјата и ќе траат во иднината“, рекол Соуса.
Поранешниот успешен фудбалер и репрезентативец на Португалија низ тренерската кариера тренирал клубови во разни држави Свонси, Макаби Тел Авив, Базел, Фипрентина. Неодамна замина од Кина каде го предводеше тимот на Тианџин.
Долго време Паоло Соуса се поврзуваше со Рома.