Top Sport

Совет за Ван де Бек: Премиер лигата е друг свет

Прославениот холандски фудбалер Робин ван Перси има неколку совети за својот млад сонародник Дони ван де Бек кој својата кариера ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

Ван де Бек за сума од 40 милиони фунти наскоро ќе стане играч на Манчестер Јунајтед. Со „црвените ѓаволи“ ќе потпише пет годишен договор.

„Дони има 23 години, вистински период за него да се пресели во Премиер лигата. Јас бев малку помлад кога потпишав со Арсенал. Освојувањето на Купот на УЕФА со Феенорд не значеше ништо бидејќи Премиер лигата е поинаков свет“, рекол Ван Перси кој осум сезони играше во Арсенал (2002-2014), а потоа се пресели во Манчестер Јунајтед.

„Дони е донесен како големо засилување, но ќе открие дека така гледаат и на другите играчи. Тоа значи дека ментално ќе треба да се прилагоди. Јунајтед во секој поглед е голем клуб“.

Трансферот на Ван де Бек треба да биде официјализиран во наредните денови.

Scroll to Top